ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Иселениците ги „преплавија“ шалтерите во МВР за нови документи

Иселениците ги „преплавија“ шалтерите во МВР за нови документи

Шалтерите за фотографирање за лични документи веќе се преполни од иселеници. За побрзо да ја завршат постапката, тие се пријавуваат на забрзана постапка за да не изостануваат многу работни денови и да не го изгубат правото на дозвола за престој во западните земји. Како што велат, револтирани се од двојните трошоци.

„Дојдов за пасош со брза постапка бидејќи во Германија не можам да ги извадам документите без нов пасош. Рекоа дека тоа ќе биде направено за приближно три до четири дена”, рече еден граѓанин.

„Само се фотографиравте? Со брза или редовна постапка? Брза бидејќи живееме во Германија“, додаде друг.

Покрај иселениците, за лични карти и возачки дозволи се пријавиле и други граѓани по однапред утврдени рокови.

Повеќе од 1.300.000 граѓани имаат пасоши со новото име на државата./Алсат.мк

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button