ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Исени: Годишни планови, буџетска хипотека

Инспекторатот за употреба на јазиците вели дека нема буџет и со тоа се правда од одговорност зошто не се следи спроведувањето на албанскиот јазик. Директорот на инспекторатот, Фатмир Исени во емисијата “360 степени“ на Алсат рече дека буџетот од 14 милиони денари не е доволен за оваа институција да ги спроведе законските одредби, а од тие пари се плаќаат платите на вработените во инспекторатот.

Оваа институција е запознаена со прекршувањата на Законот за употреба на јазиците од страна на многу институции, вклучително и судовите, но тие најавуваат дека во моментов имаат само тројца лиценцирани инспектори кои можат да вршат инспекциски контроли за почитувањето на употребата на јазиците во институциите.

„Кога го подготвив планот мислев да  отворам Подрачната единица во Тетово, но сепак тоа не зависи од мене туку зависи од тоа што немаме доволно буџет за отворање на таа подрачната единица во Тетово. Имаме буџет над 14 милиони денари. Помалку од лани од кои повеќе од 70-80% одат за плати. Во моментов, за 2022 година немаме согласност за нови вработувања. Досегашните вработувања на Инспекторатот се 8 вработувања со конкурс“, рече Фатмир Исени, директор на Инспекторат за спроведување на јазиците

Во меѓувреме, професорката Ајтене Хајдари Ќамили смета дека решението за обучување на нови кадри би биле стипендиите за студенти кои ќе се запишат во насоката преведување бидејќи во последните години има значително опаѓање на интересот за преведувачи.

 „Се запишале само за да добијат диплома, а по дипломирањето немаат храброст да се вработат и да се пријават на огласи во институциите како преведувачи. Затоа велам дека приоритет на Владата е да ја стимулира оваа група со стипендирање на студенти кои ќе ја изберат оваа насока за да имаме можност да ги избереме најдобрите студенти од оваа област кои многу добро го познаваат албанскиот јазик и македонскиот јазик и нивните култури“, рече Ајтене Хајдари Ќамили, професорка

Законот за употреба на јазиците е донесен во 2018 година, но имплементацијата на албанскиот јазик се соочува со многу пречки и покрај тоа што се формирани две надлежни институции за спроведување на албанскиот јазик, Агенција за имплементација на јазици и Инспекторат. /Алсат.мк

 

Мелихате Рустеми

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button