МАКЕДОНИЈА

Исени: На бизнис заедницата денес ѝ недостига каква било работна сила

Дрилон Исени, експерт за развој на пазарот на труд, во „Емисија 200“ на Алсат кажа дали може да функционира општество, економија со околу 30 проценти од населението со основно образование?

„Македонија е една од ретките земји што немаше развојна стратегија, а сега после три децении како држава почна да се дизајнира 20-годишна развојна стратегија и сето тоа всушност резултираше со една многу проблематична ситуација денес. Како за економија, така во однос на стареењето на работната сила, и во однос на потрошувачката или куповната моќ… Дефинитивно на бизнис заедницата денес ѝ недостига каква било работна сила, не зборуваме само за она што е академски квалификувано, туку за недостиг и на стручни лица со стручни училишта“, рече тој.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button