ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Истекува првиот уписен рок во средните училишта

Истекува првиот уписен рок во средните училишта

Многу стручни училишта и понатаму чекаат полуматуранти за да ги пополнат слободните места предвидени со конкурсот.

Во стручното училиште „Марија Кири Склодовска“ веќе се пополнети сите позиции за насоката оптика, но остануваат слободни места за лабораториски и медицински техничар, техничар за заштита на животната средина и техничар за хемиски и козметички производи.

„Досега се примени близу 200 студенти. Очекувањата се исполнети, веќе го очекувавме овој број на ученици во овие два рока. Проблемите беа во првиот рок бидејќи системот беше слаб од истовремените аплицирања на учениците, додека во вториот рок сè беше во ред“, рече Садат Ибрахими, професор во СУГС „Марија Кири Склодоска”.

Слободни места има и во стручното училиште „Владо Тасевски“. Сите позиции за новата насока електротехника за компјутерска и автоматска опрема, се веќе пополнети.

„Сè уште има слободни места за техничар за транспорт и шпедиција и електротехничари за електроника и телекомуникации. Оние кои се надеваат дека ќе се запишат во некое од техничките или стручните училишта имаат простор и можност да се запишат“, изјави Музафер Алими, професор во СУГС „Владо Тасевски“.

Во средните училишта во земјава предвидени се вкупно 30 илјади слободни места во гимназиите и стручните насоки. Последниот уписен рок е на 23 август./Alsat.mk

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button