ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Истекува рокот за забелешките од УНЕСКО за Охридскиот регион

На само три месеци до крајниот рок во февруари до кога Македонија треба да го достави извештајот до УНЕСКО за постигнатиот напредок во однос на спроведувањето на забелешките, Охридскиот регион и понатаму има проблем со дивоградбите, алармираат од Македонското еколошко друштво. Решавањето на овој проблем е еден од главните на кои предупредија од Светската организација за заштита на природните и културни реткости, пишува Алсат.

Advertisements

 

Тоа не личи на една држава како што е Македонија која се наоѓа на европски континент да има стотици нелегални објекти изградени во многу важни зони, како што е националниот парк „Галичица“. Тоа се проблеми кои за мене се неразбирливи, се наталожиле низ годините и се надевам, когаогаш ќе се решат. Мораме да ги решиме тие работи.“, Славчо Христовски-претседател на Македонско еколошко друштво.

 

После ова ќе се знае дали Охрид ќе се најде на листата на светско наследство во опасност или ќе успее да го зачува сегашниот статус.

 

„Да, има работи кои не можеме да ги стигнеме навреме од бирократски или практични причини. Не велам дека се оправдани. Меѓутоа сериозно се посветуваме на овие теми и се надеваме дека во јуни-јули 2023, ќе биде позитивен извештајот или во најмала рака ќе биде сличен како тој, кога ни дадоа две дополнителни години.“ рече Кирил Пецаков-градоначалник на Охрид.

 

Но, зачувувањето на статусот ќе зависи не само од Охрид, туку и од соседната општина Струга. Тамошните локални власти никогаш јавно не го соопштија бројот на нелегални градби во заштитениот појас на нивна територија./Алсат.мк

МИКИ ТРАЈКОВСКИ

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button