ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Спас од Мајката природа – гостиварка (82) секој ден продава костени и ореви за да се прехрани

Нејзиното име е Даринка Божиновска, има 82 години. Потекнува од едно гостиварско село, а секој ден собира и по три килограми ореви и костени за да ги продаде во градот. Божиновска вели дека само така може да се обезбеди егзистенција. Сепак, според неа, поради кризата често се случува да се врати дома без да продаде ништо, пишува Алсат.

Низ гостиварските улици има многу вакви продавачи, но купувачи нема. Анкетираните граѓани велат дека поради кризата се трудат да обезбедат само основни прехранбени

 

„Кризата е многу сериозна, но мора да се соочиме со неа, што да се прави. Народот мора да работи, 50 проценти од луѓето што немаат занаети или училиште работат, затоа што ако немаат работна сила, ќе биде проблем.“рече еден жител.

 

„Голема криза, големо поскапување. Влијае многу, не малку. Нема луѓе, побегнаа на запад. Ние што останавме сè уште имаме проблем со кризата, што да правиме“.рече еден жител.

Од општина Гостивар, за Алсат, изјавија дека причината за кризата од минатата година, во општината, го намалила плаќањето на даноците. Ако порано се плаќањето беше над 70 отсто, сега  не е повисока од 30 отсто./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button