ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ССМ: За намалување на цените, интервенција од стоковите резерви

За почувствително намалување на цените на основните прехранбени производи потребно е државата да интервенира со стоковите резерви. Ова е ставот на Сојузот на стопански комори, од како владата реши на производителите на храна да им даде двојно поевтина струја за работа на производителите на основните прехранбени пропизводи. Од ССК за Алсат велат дека суровините кои се потребни за финалниот производ најчесто се набавуваат на берзата. А нивните податоци се дека од пред војната во Украина нивните цени се зголемени за близу 100 отсто, пишува Алсат.

„Да се активираат стоковите резерви со инјектирање на соодветна, поголема количина на пченицата. Доколку ни се доделат 30 или 40 илјади тони пченица од државата со пониска цена и веќе тогаш би можело да се влијае повеќе на цената. Тоа е следниот чекор кој би можел да влијае врз понатамошно намалување на цените на производите. “

Произведувачите на храна се децидни, дека со помош на стоковите резерви директно ќе се удри врз висината на цените на суровините, и на тој начин ќе се отвори можност за сериозно намалување на трошоците за набавка на храна. Од ССК велат дека неколку пати ова го побарале од владата, но засега не добиле одговор. Алсат се обиде да добие објаснување, во кој случај се користат стоковите државни резерви, дали е сега вистинскиот момент или се чека продлабочување на кризата па дури тогаш да се реагира.

“Во стоковите резерви има доволни количини за да се интервенира во случај како што е пропишано со Законот, а интервенцијата на Мелничко – пекарската индустрија не би имало ефект на долг рок.”велат од

Во меѓувреме граѓаните кои ги анкетиравме велат дека дел од производите кои лани редовно ги купувале годинава им претставуваат луксуз.

„Па луксуз е сега сирењето, месото, што друго, а да и кашкавал, млечните производи.“

„Цените во однос на пензиите се многу зголемени, меѓутоа мислам дека тоа е и одраз на пазарот. “

„Ние со двете пензии кошничката не можеме да ја наполниме.“

За ситуацијата да биде појасна како живеат граѓаните е податокот за минималната потрошувачка кошничка која за едно четири члено семејство во септември надмина 50 илјади денари. Со овие пари може да се набават само основните прехранбени производи во месецот, да се платат сметки, остануваат помалку од една третина за транспорт, набавка на некое парче облека и минимален дел за здравствени услуги./ Алсат.мк

ИЛЕ ПЕТРЕВСКИ

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button