МАКЕДОНИЈА

Истиснувањето на кешот би го решил проблемот со сивата економија, вели даночниот експерт Гацов.

Сивата економија државниот буџет го оштетува со околу 38%, за што подолго време предупредуваат и финансиските извештаи на светски реномираните агенции. Во својата дискусија на тоа прашање, во вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, даночниот експерт, Павле Гацов, вели дека проблемот би можело лесно да се реши, но оти за тоа е потребно, пред сѐ, политичка волја. Гацов предочува и неколку алатки со кои проблемот би можел ефикасно да се надмине.

“Две ќе ви кажам. Истиснување на готовината од оптек со дестимулирање на трошењето готови пари. Ќе го оданочам подигањето на готови пари. Другата работа е дигитализација во работењето. Во северните земји има „е-фактура“. Се работи за платформа на која сите обврзници со бизнис секторот би ги изготвувале фактурите, иницијална евиденција би имало во УЈП. Би било слично како сега што имаме „Мој ДДВ“, во исто време би ги имале сите информации“, вели Гацов.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button