ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Историчарот Петар Тодоров во Алсат зборува за „Ванчо Михајлов“

Историчарот Петар Тодоров во Алсат зборува за „Ванчо Михајлов“

Со именувањето на културниот клуб по Ванчо Михајлов се праќа многу лоша порака, вели историчарот Петар Тодоров, кој воедно е и член на Мешовитата историска комисија во преговорите со Бугарија. Тој во емисијата 200, која вечерва се емитува на Алсат, истакна дека доколку постојат искрени намери, тогаш вакви клубови треба да носат имиња на личности кои навистина придонеле за културата и се споделени за двете општества.

„Ако клубот промовира дека треба да гради соработка помеѓу двата народа и двете култури тогаш треба да бидете многу внимателни какво име ќе одберете. Настрана тоа што е одбрано името на личност која има негативна улога во историјата, по мое мислење не би требало да се најде како име на некој клуб кој би промовирал зближување на народите. // Контактите негови кои тој ги имал со нацистичка Германија, со СС, со Хајнрих Химлер и со усташите и Анте Павелиќ, веќе го става во групата на оние луѓе кои биле соработници на таа фашистичка коалиција во Втората светска војна“, изјави Петар Тодоров – член на Мешовитата историска комисија./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button