ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ќе нема судење за малата Тамара, немало докази!

Ќе нема судење за малата Тамара, немало докази!

Пресврт на судењето за малата Тамара Димовска од Велес која почина чекајќи државна помош за лекување во странство. Обвинителот Ангел Фидоски од Обвинителството во Скопје крена раце од кривично гонење за случајот „Комисија“. Се гонеа лекари кои не овозможиле навремено лекување на малата Тамара во странство. Обвинителот Фидоски го повлече обвинението против поранешните директори на Фондот за здравство, Маја Парнарџиева Змејкова и Џемали Мехази и претседателката на управниот одбор на Фондот Елена Трпковска. За другите девет доктори меѓу кои и директорката на детската клиника, Аспазија Софијанова, обвинителот Фидоски го преквалификува делото. Иако, досега се гонеа за неовластено работење, тоа е сменето и ќе се гонат по Закон за здравствено осигурување. Со ова, ем казната е парична, ем делото е веќе застарено.

„Од доказите коишто беа изведени во текот на главната расправа, како материјални, така и вербални, произлезе дека навистина истите не се сторители за кривичното дело за кои ги теретевме, односно истото кривично дело несовесно работење во службата…“, изјави Анел Фидоски, обвинител во ОЈО Скопје.

Реагираа од Хелсиншкиот кометите од каде ја поднесоа кривичната пријава.

„Комитетот оценува дека ваквата одлука на обвинителството е крајно поразителна и значи дополнително зголемување на недовербата во правосудниот систем, кој не испорачува правда за жртвите“, велат од Хелсиншки комитет.

Осумгодишната Тамара Димовска почина во 2015 година додека се водеше процедура за операција во странство, бидејќи боледуваше од сколиоза.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button