ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Истражување: 65% од нашите граѓани веруваат дека КОВИД-19 е создаден во лабораторија

Околу 65 отсто од граѓаните во земјава веруваат дека КОВИД-19 е создаден во лабораторија за контрола на луѓето, покажува истражувањето на јавното мислење спроведено од Институтот за демократија Социетас Цивилис (ИДСЦС) во соработка со Претседателскиот центар за политичко образование (ПЦПО).

Истражувањето покажа дека постои значителен потенцијал кај граѓаните во однос на склоноста кон теории на заговор.

72% од испитаниците веруваат дека со светот владеат некои моќни семејства.

Исто така, 46% од граѓаните сметаат дека климата ја контролираат сателити и радари, 44% дека повеќе смртни случаи има забележано од Ковид затоа што Министерството за здравство дало пари, 46% дека вирусот е прскан од авиони, сметаат 29% дека климатските промени се измислица и 57% дека големите медиуми шират лаги.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button