ВЕСТИСВЕТ

Истражување: Делови од дождовните шуми на Амазон би можело да исчезнат до 2026 година

Фатени помеѓу рапидното проширување на употребата на ресурсите, но и пожарите што ги поттикнуваат климатските промени, иднината на дождовната шума во Амазон и зачудувачката низа животи кои живеат  во нив, се сериозно загрозени.

Во новиот извештај за Животна средина: Наука и политика за одржлив развој, геологот Роберт Туви Вокер од Универзитетот во Флорида ги коментира неодамнешните истражувања за дождовните шуми на Амазон и изнесува загрижувачки заклучок.

Продолжените суви сезони наскоро повеќе нема да дозволат ревитализација на живиот свет за пет години, колку што им се потребни за да се опорават од пожарите.

„Јужна Амазонија може да ја очекува точката на пресврт некаде пред 2064 година со сегашната стапка на продолжување на сувата сезона“, напиша Вокер.

Бројот на пожари оваа година во Амазон ја надмина ланската сезона на пожари, а човекот дополнително   уништил уште 1.202 квадратни километри шума во Бразил во текот на првите четири месеци од 2020 година – 55 проценти повеќе отколку во истиот период лани.

Истражувањата предвидуваат откако ќе се достигне уништување на шумите од 30-50 проценти на југ, ќе се  намали количеството дожд до 40 проценти на запад, исто така менувајќи ја животната средина од тропска шума во отворена шума и савана, се заклучува во извештајот.

Најдобар начин да се разбере шумскиот екосистем е да го гледаме како пумпа“, вели Вокер.

„Шумата ја рециклира влагата, која ги поддржува регионалните врнежи. Ако продолжите да ја уништувате шумата, количината на врнежи паѓа … и на крајот, ја уништувате пумпата“, вели тој.

Доколку се оствари ова страшно сценарио, водата ќе испари за над 35 милиони луѓе кои овој регион го нарекуваат дом.

И уште многу растенија и животни ќе бидат доведени до истребување.

Во минатото, амазонската прашума преживеала периоди со многу потопла клима, но тогаш ги немало  другите екстремни штети што ги нанесуваат човечките активности.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button