МАКЕДОНИЈА

Заев: Ќе се вакцинирам, но не пред медицинските работници, пензионерите и хронично болните

Секако дека ќе се вакцинирам, но, да не бидам пред медицинските работници, пензионерите и хронично болните, рече премиерот Заев во вечерашното гостување во дневникот на Сител.

„…јас ќе го дадам примерот и ќе се вакцинирам за да испратам порака дека таа е здрава, безбедна. И сега ја користам приликата да апелирам до сите граѓани, дека според светските експерти таа е исправна и треба сите да ја примиме, освен за оние групи за кои лекарите ќе го исклучат тоа“, рече премиерот Заев.

Заев најави дека државата заедно со медиумските работници ќе развие стратегија за преку јавна кампања за подигање на свеста кај граѓаните и да се доближат до населението сите важни информации во врска со вакцинацијата за да се обезбеди масовна вакцинација.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button