ВЕСТИСВЕТ

Истражување – До која фаза се фармацевтските компании со вакцината против КОВИД-19

Истражувачите се во фаза на развој на повеќе од 170 потенцијални вакцини за заштита од коронавирусот.

Никогаш порано толку многу тимови не работеле истовремено за да создадат лек што може да спаси животи на милиони луѓе.

Британскиот портал „Скај њуз“ ја следи трката за создавање вакцина за заштита од КОВИД-19.

Експертите велат дека светот ќе може да почне да се враќа во нормала само кога ќе има целосно ефикасна, тестирана и докажано безбедна вакцина.

Во моментов водечка во трката е руската група од Институтот за истражување „Гамалеја“. Русија ја одобри вакцината за употреба кај своите граѓани, иако таа не ги помина вообичаените скалила на тестирање.

Една британско / шведска група од Универзитетот во Оксфорд и „АстраЗенека“ заостанува иако таа прва започна со тестирање во третата фаза – последна пред да се добие лиценца за широка употреба.

ФАЗА 1 – Тестирање на безбедност и концентрација на дозата
ФАЗА 2 – Согледување на безбедноста во подоцнежен период по примањето
ФАЗА 3 – Ефикасност во постигнување на имунитет
ФАЗА 4 – Лиценцирање
ФАЗА 5 – Дистрибуција

Во продолжение е табеларен приказ на дел од фармацевтските компании кои работат на развивање на ефикасна вакцина и фазите до кои е дојдена секоја од нив.

Како што може да се забележи, руската „Гамалеја“ е единствената којашто е во фаза 4, односно лиценцирање на препаратот, но треба да се напомене дека кај неа недостасува втората фаза, односно согледување на безбедноста во подоцнежен период по примањето на вакциналните антигени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button