ЗАБАВАМЕТРОПОЛ

Истражување: „Изгубениот град на Инките“ бил основан децении порано отколку што се мислеше

Цитаделата на Инките, Мачу Пикчу, на југот на Перу е изградена и населена со децении порано отколку што се веруваше, покажува новото мерење со изотопи на јаглерод извршени врз човечки остатоци пронајдени на археолошкиот локалитет.

„Досега проценките за неговата старост и периодот на неговата окупација се базираа на контрадикторни историски извештаи напишани од шпанските освојувачи“, вели авторот на студијата, Ричард Бургер, археолог и антрополог на Универзитетот Јеил во Конектикат.

Според историографијата Мачу Пикчу бил изграден помеѓу 1438 и 1450 година. Но, во новото истражување, Бургер и неговите соработници откриле дека подрачјето било населено најмалку 20 години порано.

Согласно новото датирање, археолозите анализираат дека Мачу Пикчу бил изграден за царот Пачакути, владетел роден во Куско, околу 1420 година. На тој владетел му се припишува големото проширување на државата на Инките со освојување на соседните региони.

Изгубениот град

Мачу Пикчу се наоѓа високо на Андите, на надморска височина од преку 2.000 метри (2.430 метри), на планински гребен на источните Кордилјери во Перу.

Бил напуштен во 1530 -тите години, по шпанската инвазија, а подоцна станува популарен на запад како „Изгубениот град на Инките“, иако локацијата никогаш не била непозната од локалното население.

За да дојдат до своето сознание Бургер и неговите колеги испитале останки од 26 луѓе, пронајдени на гробиштата во Мачу Пикчу.

Новата анализа го мери односот на одредени верзии, или изотопи, на јаглерод во коските, користејќи чувствителна техника позната како спектрометрија. Бидејќи радиоактивниот изотоп јаглерод-14 се распаѓа со одредена брзина и престанува да се акумулира откако ќе умрат живите суштества, количината на овој изотоп може да открие колку се стари органските материјали.

Резултатите покажале дека Мачу Пикчу бил населен најмалку од 1420 до 1530 година, децении порано отколку што се мислеше. Тоа пак, сугерира дека Пачакути дошол на власт и почнал да ги освојува соседните региони пред датумите наведени од шпанските историчари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button