МАКЕДОНИЈА
Истражување: Ниту една партија нема највисоки оценки за транспарентност

Програмската координаторка во фондацијата Отворено општество Македонија, Марија Мирчевска во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат изрази разочараност по спроведеното истражување во однос на транспарентноста на работењето на политичките партии во земјава. Како што вели таа, со истражувањето на Фондацијата биле опфатени 28 партии, а ниту една од нив не покажала високо ниво на транспарентност.
„Разочарувачки е податокот дека 90% од партиите коишто ги анализиравме влегуваат во последните две категории, односно незадоволителна или задоволителна активна транспарентност, а само три партии влегуваат во категоријата – добра активна транспарентност. Ниту една во највисоките два степена“, вели Мирчевска.