СВЕТ
Истрели на воен аеродром во Русија, има жртви!

Тројца војници се убиени рано изутрината на руски воен аеродром кога еден од нивните соборци отворил оган кон нив, недалеку од Воронеж, објави прес-службата на Западниот воен округ. Извори за Спутник велат дека инцидентот се случил на воениот аеродром „Балтимор“.
Некои руски медиуми наведуваат дека станува збор за 20-годишен регрут кој прво ги нападнал војниците со секира, а потоа отворил оган.
Како што објави Moscow times, меѓу жртвите се двајца офицери и еден платеник.