
Италијанската фудбалска репрезентација се пласираше во финалето на Европското првенство откако ја победи Шпанија во Лондон по подобро изведување на пенали со 4: 2, додека по редовниот дел и продолженијата беше 1: 1 поведе со голот на Федерико Киеза во 60. минута, а дваесетина минути подоцна погодок за Шпанија постигна Алваро Мората. Вториот полуфинален натпревар на ЕУРО 2020 е вечер во 21 часот, а ќе играат репрезентациите на Данска и Англија. Данците се надеваат на финале, 29 години откако неочекувано станаа европски шампиони во 1992 година.