ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Новата учебна година 2021 – 2022 ќе почне на 1 септември

Новата учебна година 2021 – 2022 ќе почне на 1 септември. Но, се уште не е познато кое од трите сценарија објавени од Министерството за образование ќе биде применливо. Од оваа институција рекоа дека училиштата се веќе подготвени за сите опции и тоа настава со физичко присуство, од прво до четврто одделение со присуство, како и опција за една недела физичко присуство и една недела од дистанца. Досега, според Министерството, околу 60 проценти од образовниот кадар се вакцинирал.

Министерство за образование и наука од трите сценарија ќе се спроведат ќе зависи од епидемиолошката состојба, за што ќе одлучува Комисијата за заштита од заразни болести. Досега, од вкупно 31.447 вработени во училиштата, околу 60% се вакцинирани и апелираме до наставниците и другиот училишен персонал да се вакцинираат со цел да го заштитат нивното здравје и здравјето на нивните најблиски.“

Ист број вакцинирани има и во предучилишните установи. И таму околу 60 проценти од вработените се вакцинирани.

„Министерството за труд и социјална политика постојано ги повикува вработените во градинките да аплицираат за вакцина, со цел да се зголеми процентот на имунизирани лица кои работат во градинките, бидејќи само на овој начин, преку лична здравствена заштита, ќе придонесе за заштита на јавното здравство и во исто време ќе се овозможи непречено и квалитетно остварување на образовниот процес “

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека моменталната состојба во градинките е стабилна и нивното функционирање останува исто во моментов, но со континуирано следење на состојбата со корона вирусот.

Melihate Rustemi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button