КОШАРКАСПОРТ

Итан Хап: Cекој играч кој беше на теренот беше заслужен за победата

Македонската кошаркарска репрезентација се врати во игра во трката за пласман на ЕП 2025 година. По тешкиот пораз од Естонија на домашен терен, на гостувањето кај Полска славеше со убедливи 71-96. По мечот новиот aмериканец, Итан Хап, имаше пофални зборови до Ненад Димитријевиќ, кој постигна 32 поени, 8 скока и 8 асистенции.

Advertisements

„Тренерот добро не подготви за овој натпревар, што ќе прават, особено кога ќе ја сменат зоната. Но, кога имаш играч како Нено, му ја даваш топката и знае што да прави, едноставно доминираше на теренот. За мене беше навистина импресивно да го гледам. Како што кажа секој играч кој беше на теренот беше заслужен за победата“, изјави Итан, кој застана на 19 поени и 7 скока.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button