
Дарио Ивановски постави нов национален рекорд, на маратонот што се одржа во Валенсија.
Патеката од 42,2 километра тој ја истрча за време од 2 часа, 11 минути и 53 секунди што е за над шест минути подобро од претходниот рекорд кој исто така беше негов. Ивановски го постави на 15 мај 2022 година и изнесуваше 2 часа, 18 минути и 12 секунди.
Нашиот маратонец го освои 50. место на маратонот во Валенсија, а победник е етиопскиот натпреварувач Сисај Лема./Sport1.mk/