ВЕСТИСВЕТ

Избрани сите 12 поротници за судењето на Трамп

Сите 12 члена на поротата биле избрани на судењето против поранешниот американски претседател Доналд Трамп и актуелен кандидат за функцијата од редовите на републиканците, која треба да ги сослуша обвиненијата против него за фалсификување на деловни книги за да го прикрие поткупот што ѝ го исплатил на поранешната ѕвезда во филмови за возрасни, непосредно пред претседателските избори во 2016 година, пренесува „Гардијан“.

Судењето на Трамп започна пред неколку дена во окружниот суд во Њујорк. Вчера беа избрани првите шест поротници.

Адвокатите на одбраната и обвинителството се очекува да избере и заменици поротници за судењето.

Претходно, судијата што го надгледуваше судењето разреши една поротничка која рече дека се чувствува заплашена, бидејќи биле откриени некои нејзини лични информации.

Судијата Хуан Меркан, исто така, ослободи друг поротник откако обвинителите рекоа дека тој можеби не ги открил претходните судири што ги имал со законот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button