ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Изет Меџити реагира за распеаното видео со Али Ахмети

Изет Меџити реагира за распеаното видео со Али Ахмети

Ироничното видео на Фејсбук што го објави првиот вицепремиер Артан Груби, а подоцна ја споделија и многу профили, поттикна реакција од партискиот потпретседател Изет Меџити. Потегот на Груби, тој го нарекува злоупотреба, бесрамност и некоректност, повикувајќи партијата да се ослободи од узурпаторите и неспособните.

„Да го снимаш Али Ахмети како пее, а потоа да ја објавиш истата снимка, да ja дефокусираш јавноста од вистинскиот проблем е бесрамна злоупотреба на неговиот имиџ… Да го снимаш Али Ахмети и да ги чуваш овие видеа за да ги користиш кога ти одговара е некоректно и се чини дека тоа не се случува првпат. ДУИ мора да се ослободи од узурпаторите, платениците и неспособните!“, реагираше Изет Меџити, потпретседател на ДУИ.

Денеска ниту Груби, ниту неговиот кабинет не реагираа на оваа реакција на Меџити.

Видео-материјалот на кој се гледа и слуша како Ахмети пее во просторите на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, се толкува како реакција на првата средба на таканаречената „огнена група“ со граѓаните во Студеничани. Тие таму побараа разрешување на министрите од редовите на нивната партија, поради како што велат, нереализирање на проектите кои им биле ветени на Албанците./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button