ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Изет Меџити вели дека Скопје е добро застапено во извршната власт, но дека може да биде и подобро

Adrian Kerimi

Претставаниците на ДУИ од победничките зони на локалните избори ќе побараат соодветна застапеност во владиниот кабинет. Заменик-претседателот на ДУИ, Изет Меџити вели дека е задоволен од застапеноста на Скопје во извршната власт, но вели дека може да биде уште подобро. Меџити додава дека во партиските органи ќе се разговара за ефикасноста на владиниот кабинет.

„Во однос на бројките и квантитативниот аспект и сега вклучувањето на Скопје во владиниот кабинет не е лошо, но секогаш може да биде уште подобро. Во партијата ќе има дебата и за квантитативниот и за квалитативниот аспект за најдобра застапеност на ДУИ во Влада.“

Досега не е разговарано за промена на други ресори. Покрај Информатичкото општество со земјоделството, ДУИ очекува по конечната одлука за датумот на преговори да се разговара и за судбината на претставници во владиниот кабинет и за евентуалната промена на ресорите. Меџити очекува новиот премиер да го почитува договорот за албански премиер.

„Немавме време да навлеземе во конкретни ресори, да ја анализираме нивната работа и дали има потреба да ги менуваме. Треба да видиме како ќе заврши овој процес. Една од главните точки во договорот ДУИ-СДСМ, меѓу другите сегменти, е и првиот албански премиер и не се сомневам дека тоа ќе биде тема и со следниот премиер“.

На локалните избори во октомври ДУИ освои 11 општини. Победи  во Чаир и Сарај, Липково, Куманово, Струга, Кичево и руралните општини на Полог, а го загуби историскиот бастион Тетово, но и Гостивар.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button