ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

37-годишен измамник од Кочани се прогласил за оџа и силувал 9-годишно девојче во нејзината куќа

Adnan Qaili

37-годишен измамник од Кочани се прогласил за оџа и силувал 9-годишно девојче во нејзината куќа. Инцидентот се случил во Гостивар, каде осомничениот на повик на нејзината мајка отишол да го излечи малолетното девојче од магија. За ова дело, ОЈО Гостивар покрена истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело „полов напад врз дете под 14 години“. Против него и другите двајца осомничени како соучесници се поведени постапки и за кривично дело „измама“.

СВР Гостивар

 „Првиот осомничен, 37 годишен жител од Кочани, во два случаи на 23 и 24 ноември во стан во Гостивар извршил обљуба врз дете родено во 2012 година. Мајката на детето го повикала осомничениот, кој се претставил како оџа, да го „излечи“ детето од црна магија. Осомничениот побарал да биде оставен сам со детето жртва во собата и го принудил на сексуални дејствија. Жртвата од страв ништо не и кажала на нејзината мајка“.

 Но, кога мајката на 5 декември по третпат сакала да го повика осомничениот, загрижената ќерка раскажала што и се случило, по што настанот бил пријавен во СВР Гостивар. Обвинителството појаснува и дека осомничениот, 37-годишен, заедно со уште двајца соработници од Гостивар, измамиле уште една жртва.

Јавно обвинителство- Гостивар

 „Прво- осомничениот, во договор со другите двајца, на оштетената и се претставиле како оџа за да ја отстрани црната магија од нејзината куќа. Тројцата во неколку наврати ја убедувале дека за да ги отстранат магиите треба да извлечат разни предмети од гробиштата и на тој начин да ги извлечат магиите од неа и од нејзината куќа. За услугата и побарале вкупно 98.000 денари“.

Според истражниот орган, кога почнале да се договараат за нова средба, оштетената се посомневала дека е измамена и случајот го пријавила во полиција. За прво- осомничениот, ОЈО Гостивар до судијата на претходна постапка поднел предлог за определување мерка притвор додека за другите двајца осомничени се предложени мерки на претпазливост.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button