РЕГИОН

Излезни анкети во Бугарија: Убедлива победа на Радев со двојно повеќе гласови од Герџиков

Румен Радев е на пат да го освои вториот претседателски мандат на денешниот втор круг од изборите во Бугарија, покажуваат излезните анкети, според кои Радев има двојно повеќе гласови од противкандидатот Анастас Герџиков.

Advertisements

Резултатите од излезната анкета на агенциите „Галуп“ и „Тренд“, нарачана и платена од НОВА, покажуваат дека актуелниот претседател на Бугарија добил поддршка од 65,7 отсто од гласачите, додека за неговиот противник Анастас Герџиков, гласале 31,5 отсто од гласачите.

Опцијата „Не поддржувам никого“ ја избрале 2,8 отсто од гласачите кои оствариле право на глас.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button