ЗАБАВАМЕТРОПОЛ

Изненадување: Овие хороскопски знаци до крајот на годината би можеле да добијат принова

Новороденче во семејството секогаш е возбудлива вест, а три хороскопски знаци имаат најголеми шанси за бременост во 2023 година. Планетите им отвораат нови можности за проширување на семејството.

Според астрологијата, поставеноста на планетите покажува дека одредени хороскопски знаци имаат отворен пат за проширување на семејството. Петтата куќа на креативноста ги претставува љубовта и сексот, а поврзана е и со бременоста. Според поставеноста на планетите во однос на оваа куќа може да се каже колкави се шансите да се забремени во определен период.

Јарец

Време е да се ослободиш себе и да направиш чудесни работи во својот живот! Ексцентричниот Уран ќе донесе нови работи во пeттата куќа и ќе внесе необична романтика или изненадувања. Но нема причина за страв затоа што Јупитер ќе ти донесе среќа и помош да ја откриеш својата автентичност. Ако си во сериозна врска, важно е да истражувате нови работи и да се отворате за нови искуства.

Сето ова ќе ти помогне да станеш добар родител, а ќе сфатиш дека лесно учиш нови работи и лесно исполнуваш нови цели. Иако можеби нема да биде сѐ како што си замислила, планетите ќе поттикнат плодност и нова авантура.

Шкорпија

Овој воден знак се смета за најплоден хороскопски знак, а ова ќе биде посебно креативна година за овие стравствени жени. Веселата планета Јупитер од седмата куќа на партнерства отвора простор за среќа и раст во петтата куќа. Без разлика дали си ја озаконила својата врска или не, голема е можноста да забремениш. Истовремено, несебичниот Нептун делува во петтата куќа, го намалува егото и ја зголемува грижата, родителската страна.

Создавањето катче во кое се чувствуваш пријатно ќе биде една од твоите желби оваа година, а поради Плутон кој ќе премине во четвртата куќа ќе донесе трансформации во приватниот живот. Ако сакаш топло семејно гнездо и ако сакаш да се препуштиш на новите околности тогаш оваа година е идеална за остварување на тие цели.

Бик

Жените родени во овој хороскопски знак треба да бидат оптимисти и да тргнат во нови предизвици. Уран и Нептун оваа година ќе играат со твоето Сонце и ќе бараат од тебе да ја смениш рутината и да ја видиш пошироката слика, а сето тоа ќе ти донесе радост и разни изненадувања. Оваа силна енергија всушност ќе делува на петтата куќа која претставува создавање, на чело со Венера која е владетел на овој знак и исто така ќе делува на оваа куќа.

Освен тоа, многу е важно да останеш отворена за промени бидејќи Плутон поминува низ десеттата куќа која ја претставува работата и општествениот статус. Сето ова може да биде многу тешко за припадниците на овој знак затоа што тешко се приспособуваат на промени. Но, ако сакаш да имаш дете, ова е одлична година за промена и за прифаќање на новите предизвици.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button