ВЕСТИСВЕТ

Израел го продолжува нападот врз Рафах

Американскиот претседател Џо Бајден верува дека големата израелска операција во Рафах нема да ја унапреди целта на земјата за поразување на палестинската милитантна група Хамас во Газа, изјави вчера претставник на Белата куќа.

„Ударот на Рафах, според него, нема да ја унапреди таа цел“, рече портпаролот Џон Кирби.

Кирби рече дека Хамас е под значителен израелски притисок и дека сега има подобри начини да се нападне остатокот од раководството на групата отколку операција со значителен ризик за цивилите.

„Тврдењата дека се оддалечуваме од Израел или дека не сме подготвени да им помогнеме да го поразат Хамас, едноставно не се точни“, додаде тој.

Тековната рунда преговори во Каиро за можниот договор за ослободување на заложниците заврши без видливо решение, изјави висок израелски функционер. Израел ќе продолжи со операцијата во Рафах, додаде тој.

Вчера Бајден, за прв пат јавно го предупреди Израел дека САД ќе престанат да го снабдуваат со оружје доколку израелските сили извршат голема инвазија на Рафах, град полн со палестински бегалци во јужниот дел на Газа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button