ВЕСТИСВЕТ

Израелски проектил го погоди Иран, соопштија американските власти

Израелски проектили погодија локација во Иран, објави Еј-би-си њуз, цитирајќи американски официјален претставник, додека иранската новинска агенција Фарс, известувајќи за експлозијата, соопшти дека е активиран систем за противвоздушна одбрана во градот Исфахан. Фарс објави дека во близина на аеродромот во иранскиот град Исфахан се слушнала експлозија, но причината за нападот веднаш била позната.

„Причината за тие експлозии се уште не е позната, истрагата ќе продолжи се додека не се утврдат точните детали за инцидентот“, објави агенцијата Фарс.

Системот за противвоздушна одбрана во иранскиот град Исфахан бил активиран против „објект за кој постои сомневање дека е беспилотно летало“, изјавил изворот за агенцијата, која додава дека три експлозии се слушнале во близина на воена база во северозападниот дел на градот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button