МАКЕДОНИЈА

Изречени 192 санкции за возење под дејство на алкохол, 490 за пребрзо возење

Министерството за внатрешни работи при засилени акциски контроли во текот на вчерашниот ден санкционира 192 возачи за возење под дејство на алкохол на територијата на целата држава, како и 490 возачи за пребрзо возење, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес-конференција во Свети Николе.

– Најмногу санкции за управување под дејство на алкохол се изречени на територија на СВР Куманово-63, а за возење со поголема брзина од дозволената на територија на СВР Штип-77. Засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови, а евидентно е намалувањето на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат. Како резултат на преземените мерки, намален е и бројот на жртви во сообраќајни незгоди. Им благодариме на најголемиот процент учесници во сообраќајот, кои возат според прописите и заеднички придонесуваат за поголема безбедност, изјави Анегловски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button