ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Изречени 236 санкции за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден, спроведе зајакната акциска контрола на територијата на државата за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 236 возачи.

Како што соопштуваат од МВР, од вкупниот број изречени санкции, 10 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 134 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 102 надвор од населено место.Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button