
Специјализираното обвинителство на Косово во Хаг денеска ќе започне со изнесување докази во судскиот процес против поранешните водачи на Здружението на ветерани на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Хисни Гукати и Насим Харадинај. Тие се обвинети за попречување службеници во извршувањето на нивните должности, заплашување сведоци за време на кривична постапка, одмазда и кршење на тајноста на постапката. Атмосферата на заплашување сведоци и попречување на постапките против поранешни припадници на ОВК е една од причините зошто е формирана Специјализирана комора и Специјализирано обвинителство и зошто тие се во Хаг, рече специјализираниот обвинител Џек Смит на последната седница.