ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Јавна соба – огледало за нашата свест

Храбрата Ана, која презеде смел чекор и со јавноста сподели дека е жртва на групата „Јавна соба“ е задоволна што групата на „Телеграм“ е затворена. Таа во изјава за емисијата 360 степени на Алсат вели дека приведувањето на дел од припадниците кои активно учествуваа во групата и нејзино затворање е само прв чекор што го презедоа институциите.

„Нормално во таа група имало многу луѓе и не само учесниците во таа група, туку и многу други луѓе коишто имаат такви размислувања и такви сфаќања коишто не тераат нас општество да стоиме во место и да не одиме никаде напред. Така што за мене има значење, меѓутоа тоа е појдовна точка, сега допрва ние ќе продолжиме со ова да се движиме за да се постигне целта, а тоа е секој човек да размисли како треба во иднина да се однесува за да може да го постигнеме тоа што сите го бараме, што го гледаме во другите држави, а ние го немаме.“

Во меѓувреме, МВР спроведува внатрешна контрола дали полицајците постапиле професионално кога на повикот од Ана и одговориле дека немаат надлежност да постапуваат.

„Доколку се утврди било какво погрешно постапување или непостапување, а требало да се постапи, апсолутно дека ќе има санкција. Ние наназад и во јавноста постојано афирмираме кога казнуваме полициски службеници кои постапиле несоодветно.

По скандалот со „Јавна соба“, министерот за правда, Бојан Маричиќ најави дека ќе ги забрзаат измените на Кривичниот законик преку кој ќе се заштитат жртвите како оние со „Јавна соба“.

Igor Stefanovski

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button