ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Монструм“, организаторите побараа оставка од обвинителката на случајот, Фатиме Фетаи

Роднините на обвинетите во случајот „Монструм“, како и многу  граѓани, вклучително и претставници на албанската опозиција протестираа пред јавното обвинителство против барањето на обвинителката на случајот дел од обвинетите да бидат осудени  на доживотен затвор. Демонстрантите маршираа од паркот во Чаир до Обвинителството, каде пред насобраните, Бедри Ајдари, роднина на обвинетите и еден од организаторите на протестот, побара оставка од обвинителката Фатиме Фетаи, нагласувајќи дека обвинетите се невини.

“Бараме разрешување на обвинителката Фатиме Фетаи, која ја изврши наредбата на политичките кругови и црната рака што работи во сенка во релевантните институции .Таа мораше доказите и истрагата да ги направи со основани докази, а не со асоцијации. Бараме од судскиот совет на случајот воопшто да не го земе предвид барањето на обвинителството, барање кое е незаконско, бидејќи се утврдени мерките за затвор.

За вистинско расчистување на политички монтираните случаи, Ајдари побара помош од Меѓународната заедница. Овој случај, но и другите како што рече политички монтирани случаи, треба да се процесираат од независно судство.

Протестот помина мирно, но на крајот група демонстранти се обидоа да го пробијат полицискиот кордон и фрлаа камења и пиротехнички средства кон полицијата.

Петкратното убиство во Смилковското езеро се случи во април 2012 година и за ова дело дел од шестмината обвинети беа осудени на доживотен затвор, а дел на максимална казна. Случајот „Монструм“ беше вратен на повторно судење на крајот на 2017 година, а му претходеше скандалот со прислушувањето во 2015 година и изјавата на Зоран Заев,  дека  обвинетите може да се невини. Но, сега Заев вели дека никогаш не рекол дека други лица го сториле делото, или дека овие се невини и дека судството треба да го има последниот збор.

Mefail Ismaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button