ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Матурантите го прекинаа бојкотот

Матурантите го завршија бојкотот кој започна со почетокот на второто полугодие. Од Унијата на средношколци соопштија дека не се откажале од барањата, но за време на викендот останува да се одлучи во каква форма ќе продолжи протестот. Тие до Собранието имаат поднесено барање до пратениците од кои бараат поддршка за реализација на барањата на матурантите, па дури и измени во Законот за средно образование.

„Јавно да ги поддржат барањата на Унија на Средношколци и матурантите и истовремено Министерството за образование и наука да ги прифати истите барања. Бараме да ја искористат својата позиција како пратеници, како избрани луѓе од народот да побараат од Министерството за образование и наука да имаат малку попрофесионален однос во пристапот кон проблемот што го имаме со државната матура, а не секој ден се повеќе да ги игнорираат легитимните барања на матурантите. Да се предложи и усвои предлог закон, законско решение што ќе ги прифати нашите барања и ќе се измени законот за средно образование“.

Од Унијата потврдија дека ќе учествуваат на државниот испит, но под услов да има само два предмети. Првиот предмет треба да биде мајчин јазик, вториот предмет треба да биде изборен и еден проект. Доколку овие барања не бидат прифатени, тогаш најавуваат  дека ќе излезат на улица да протестираат . Од друга страна, и министерката за образование, Мила Царовска, не попушта кога станува збор за државната матура. Таа апелираше до матурантите да се вратат на училиште бидејќи според Царовска, бојкотот е неоправдан и секој изгубен час според Законот мора да се надомести.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button