ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Софија остро реагира на најавите за враќање на српскиот јазик меѓу училишните предмети

Софија остро реагира на најавите за враќање на српскиот јазик меѓу училишните предмети и отворање на српски културен центар. Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева вели дека одлуката на властите е провокација за Софија и ја докажува неразделната врска меѓу Скопје и Белград.

 Екатерина Захариева, министер за надворешни работи на Бугарија  „Не ме изненадува. За мене, тоа е нова провокација кон Бугарија. Тоа значи дека сите партии таму, без оглед на политичките разлики, се единствени по ова прашање, како што се во однос на Бугарија, без оглед на нијансите.  Не сме изненадени што тие се крајно блиски до Белград, бидејќи идејата е да се приближат до српскиот јазик и да се оддалечат од бугарскиот јазик. Тие имаат право да изградат културен центар, се разбира. “Македонизмот “е само по себе геополитичка идеја создадена од Белград и Москва“.

 Од друга страна, бугарскиот вицепремиер Каракачанов упати прашања до премиерот Заев и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицковски:

„Долго време, македонската дипломатија ја обвинуваше мојата земја за прекинување на преговорите со ЕУ, што доведе до зајакнување на српското влијание. Кој е виновен за зголемувањето на српското влијание?“.

 “Зошто бугарското население не се признава кога таму има само 30,000 Срби, а 120,000 имаат бугарски пасоши и илјадници други кои чекаат да добијат пасоши?”

Тој рече дека е пологично Северна Македонија да го одбележи 3 март, националниот празник на Бугарија, денот кога Бугарија, заедно со денешна Македонија, беше ослободена од Османлиската империја.

Красимир Каракачанов, заменик-премиер на Бугарија “Многу од овие Бугари се активисти на вашите партии, нивните водачи, замениците, министрите, спонзори на бизниси, блиски новинари, раководители на институции и служби, ваши блиски роднини – браќа, сестри, братучеди. Парадоксот е во тоа што вашите најблиски луѓе се идентификуваат како Бугари и го докажаа бугарското потекло на нивните баби и дедовци, а всушност и на вашето“.

На 27 јануари, премиерот Заев му го честиташе на српското малцинство празникот Свети Сава, најавувајќи враќање на наставната програма за српски јазик и култура . За таа цел тој рече дека програмите од трето до шесто одделение се одобрени а во тек е усогласување на програмите за седмо, осмо и деветто одделение, за разлика од времето на ВМРО ДПМНЕ кое во 2007 година ја исклучи можноста српскиот јазик да се учи како изборен предмет .

Анеса Салиху

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button