МАКЕДОНИЈА

Јавниот обвинител Јовески на Меѓународен симпозиум во Анкара

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска во Анкара се обрати на Меѓународниот симпозиум за ефикасност на високи апелациони судови и притоа истакна дека македонскиот правен и законодавен систем ја гарантира независноста на судовите и самостојноста на јавното обвинителство.

Како што соопшти Јавното обвинителство, во обраќањето Јовески се осврна на постапувањето на јавнитe обвинители во жалбената постапка и обезбедувањето на правата на учесниците во кривичната постапка. Во овој контекс, како што стои, е изложено и барањето за заштита на законитоста како гаранција за правото на обвинетиот.

Mеѓународниот симпозиум се одржува во рамките на традиционалното одбележување на почетокот на Судската година во Република Турција. Делегација на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија присуствува на неколкудневната традиционална прослава по покана од претседателот на Касациониот суд, Мехмед Акарча. На отворањето на Судската година и новиот објект на Касациониот суд вчера се обрати претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган.

Во рамките на посетата во Република Турција, државниот јавен обвинител денеска оствари билатерални средби со претседателот на највисокиот суд во Турција, Мехмед Акарча и со Генералниот обвинител на Република Турција, Бекир Шахин.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button