ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Јавниот превоз в недела со изменет режим на сообраќање

ЈСП Скопје ја информира јавноста дека во недела (2.10.2022 година), во период од 7 до 13.30 часот поради одржување на „Виз Ер Скопски маратон 2022“, дел од возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, а дел воопшто нема да се вклучат во сообраќај.

Од 7 до 13.30 часот нема да сообраќаат линиите 4, 4А, 22А, 24, 25Б и 59Б.

Во период од 8 до 9 часот нема да сообраќаат линиите 9, 16, 23, 25, 27, 50, 50А и 57.

Линии со непроменета траса

– градски линии: 2, 2А, 8, 12, 19, 20, 45 и 65В.

– приградски линии: 11, 11а, 18, 32, 47, 47а, 52, 53, 55, 56, 56а, 60, 61, 63, 63а, 63б, 65, 65а, 65б, 66, 66а, 68, 71 и 81.

Ги потсетуваме сите учесници на маратонот, дека в недела ќе можат бесплатно да го користат јавниот превоз со приложување на стартниот број (маица)

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button