ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Јавниот превоз во Скопје ќе сообраќа до 20 часот, а билетарниците ќе работат до 18:30 часот

ЈСП Скопје ја информира јавноста дека од денеска, вторник (6.04.2021 год) до вторник (20.04.2021 год), јавниот превоз ќе сообраќа до 20:00 часот, а билетарниците и центрите за персонализација ќе работат до 18:30 часот.

Како што соопштуваат од Јавното претпријатие, режимот на јавниот превоз е согласно последната одлука на Влада за забрана на движење на населението во период од 20 до 5 часот, почнувајќи од денеска.

ЈСП потсетува дека и натаму не важи бесплатниот превоз за возрасни лица во вторник, петок, сабота и недела, времено укинати се и трите автобуски линии (25, 25А и 25Б) што сообраќаат до Средно Водно, туристичката линија „Сити тур“, а не работи ниту Жичарницата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button