ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Јовановиќ: Синдикатот да стане фактор без кој нема да може да се донесе ниту една социо-економска мерка

Професорот на виенскиот институт за економски студии, Бранимир Јовановиќ оцени дека усвојувањето на законското решение за минимална плата е голема победа на Синдикатот која треба да се искористи за зајакнување на улогата на синдикатите во државата. Во своето вечерашно вклучување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, Јовановиќ рече:

„Пред сѐ морам да кажам дека ова е најголема победа на Синдикатот. Тоа одлично го истурка. Не само затоа што го добија покачувањето што го бараа и за коешто се залагаа долго време, туку и начинот на којшто го направија беше прилично добар. Синдикатот мора овој успех да го искористи за да ги зацврсти своите позиции и да се наметне како фактор без којшто не може да помине ниту една социјално економска мерка во државата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button