ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Димовски: Покрај минималецот законот предвидува скалесто зголемување и на останатите плати

Покрај зголемувањето на минималната плата, законот предвидува и скалесто зголемување на останатите плати во државата, потсетува првиот синдикалец во државата, Дарко Димовски. Како што рече тој во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, сите сектори во државата треба да почнат да ги усогласуваат платите според новото законско решение.

„Треба да има скалесто покачување на сите останати плати, согласно законот за минимална плата, каде што е утврдено во членот 8. Слушаме, сите се за покачување на минималната плата и скалесто зголемување на останатите плати согласно закон. Ако тоа го премолчиме и ако не го почитуваме законот, тоа е еднакво на кривично дело“, вели Димовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button