СПОРТ
Јовановска го освои 9 -то место во кати на Олимписките игри

Македонската каратистка Пуликсенија Јовановска го освои 9 -то место во кати на Олимписките игри „Токио 2020“, каде се натпреваруваа вкупно 10 натпреварувачи. Во предизвикот на најдобрите каратисти во светот, за првпат во програмата на Олимписките игри, Јовановска стана првата каратистка што ја претставува Македонија во ова натпреварување. Јовановска во презентацијата на две кати, освои 23.8 и 24 поени, што не беше доволно да се најде меѓу најдобрите три каратисти, кои се пласираа во финалето. Да потсетиме, каратистката од Прилеп, учествуваше на Олимписките игри „Токио 2020“ со специјална покана.