СПОРТ

Сејдини: Само Собранието одлучува за името на ФФМ

Првиот човек на домашниот фудбал, Мухамед Сејдини, смета дека за  барањето за промена на името на Фудбалската федерација на Македонија, единствено тело што може да одлучува е Собранието на ФФМ. Министерството за надворешни работи и самата Фудбалска федерација на Македонија, во некои случаи потенцираа дека немаат обврска за промена на името, бидејќи оваа институција не е финансирана од државата. Во оваа прилика, Сејдини додаде дека премиите на фудбалерите за победата против Германија ќе бидат подмирени, по летните одмори. Натпреварите од Првата лига ќе се играат без присуство на публиката.

„Мухамед Сејдини ниту го одредува името на Фудбалската федерација на Македонија,  ниту може да го смени нејзиното име. Ова може да го направи само Собранието на Фудбалската федерација на Македонија. Сите одлуки што биле прелиминарни додека не се поништат истите тие се во сила. Значи, останува истата одлука”, рече Мухамед Сејдини, претседател на ФФМ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button