ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Јовановска: Русија нема тука да застане

Новинарката Слободанка Јовановска, во емисијата ,,200,, што се емитува на ТВ АЛСАТ , во врска со тензиите меѓу Русија и Украина, потенцираше дека при посетата на Донбас , се чуствуваше воената атмсофера.

Таа верува дека Русија од кон воен конфликт. Се што се најавуваше почна да се остварува. Реално без оглед на тоа што Москва изјавуваше дека ќе се повлечат трупите кои беа на војните вежби , тоа не се случи. Изјавува дека нема да влезат во Украина , тоа се случи, сега изјавуваат дека нема да интервенираат, меѓутоа првите изјави денеска одат еден чекор подалеку .

Последна изјава на Путин беше дека не ја признава територијата што е е окупирана, туку тој ја признава руска целате територија на Луганск и Донбас. Путин оди еден чекор понатаму, и сега очекуваме дека руските сили да ја освојуваат целата територија од загрозениот регион, со што Русија сака да ја поврзе целата територија. Не знам дали тука Русија ќе застане. Мислам дека светот мора да го запре и нема повеќе да го толерира.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button