МАКЕДОНИЈА

Јовановски: Францускиот предлог носи нова неизвесност

Политикологот и експерт за евроинтеграции, Александар Јовановски, во своето вечерашно гостување во „Емисија 200“ на Алсат рече дека француската идеја за Европска политичка заедница, во која би се собрале сите земји кои нема да успеат или не сакаат да влезат во ЕУ, е непознаница бидејќи освен изјавите на претседателот Макрон, пошироката јавност нема детална слика за содржината на таквата идеја.

„Бевме затечени со предлог за кој немаме ‘insights’, не знаеме што е во позадина. Дали има некоја поопсежна политичка идеја и филозофија позади или е дополнителен аргумент – ајде овие земји, малку да им дадеме нешто, да ги држиме на страна, сѐ додека ние не го решиме нашиот безбедносен сегмент, начинот на проширување и тн.“, вели Јовановски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button