МАКЕДОНИЈА

Јовески: Очекувам за многу брзо Обвинителството во Тетово да се изјасни за случајот со модуларна болница

Истрагата за трагедијата во тетовската модуларна болница што се случи на 8 септември лани, при што во пожарот животот го загубија 14 лица, од кои 12 пациенти и двајца роднини на пациенти, е при крај и деновиве, за брзо време очекувам Основното јавно обвинителството во Тетово да донесе одлука за овој настан, соопшти денеска јавниот обвинител Љубомир Јовески одговарајќи на пратеничко прашање до каде е случајот и дали ќе има кривична одговорност.

„Жал ми е што оваа голема трагедија се користи во политички цели. Обвинителството од почетокот презеде сè и одговорно пристапи. Ако ние, како што беше поставено прашањето, сакаме да го забошотиме овој случај, немаше уште вечерта на помош на Обвинителството од Тетово да им ставиме на располагање двајца дежурни обвинители од Скопје и сите ресурси со кои располага ЈО. Дека Обвинителството постапува објективно зборува и фактот што се побара меѓународна помош од германски експерти за вештачење. Во овој дел од постапката не се преземени само овие вештачења, сослуашани се и други лица, има вештачење од техничкиот факултет на електричната инсталација… Сакам да ве уверам дека целосно го истражуваме овој случај и на поставените дилеми ќе дадеме одговори“, рече Јовески.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button