ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Јовевски останува во чекалната, во Парламентот само двајца кандидати за уставни судии

Само двајца од тројцата кандидати за нови уставни судии стигнаа на пленарна седница бидејќи предлогот за избор на Љубомир Јовески сè уште не поминува во матичната комисија пишуба Aлсат.

По неколку продолженија на седницата, претседателот на комисијата го достави делумниот предлог на пленарна. Според ВМРО-ДПМНЕ, оваа практика досега не се случила затоа што предлогот на пленарна седница треба да дојде целосен со сите кандидати.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ќе покренат интерпелација за претседателката на комисијата за избори и именувања, Марија Георгиевска и оти ќе се разгледа целата постапка за избор на нови судии на Уставниот суд.

Комисијата за избори и именувања успеа да ги одобри имињата на Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева – и двајцата како предлози на Владата. Комисијата ги отфрли сите шест кандидати предложени од опозицијата, а мнозинството е решено да го протурка и актуелниот главен обвинител Љубомир Јовески. Уставниот суд работи само со пет од деветте членови.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button