ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Вознемирувачки податоци за трговијата со луѓе во земјава

Најмладата жртва на трговија со луѓе во С Македонија е 10-годишно девојче, додека од вкупно 8 жртви, 7 се деца, пишува Алсат.

Истражувањето на невладиниот сектор покажува дека децата се принудени на недолични дела под закани и присила, а нивните снимки се објавуваат и на порнографски страници.

Координаторката за борба против трговијата со луѓе Магдалена Несторовска рече дека државата прави сè за да ја спречи, а потоа и санкционира оваа појава.

Сепак и покрај овие тврдења, во последниот извештај на Американскиот Стејт Департмент се вели:

„Владата на Северна Македонија не ги исполнува целосно минималните стандарди за елиминирање на трговијата со луѓе, но прави значителни напори за тоа.“

Надлежните институции ги повикуваат родителите да бидат повнимателни како нивните деца ги користат социјалните мрежи, со кого контактираат и да не споделуваат лични податоци на интернет со лица кои не ги познаваат.

Ардит Рамадани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button