МАКЕДОНИЈА

ЈП „Дрисла“ контра Муцунски и Ѓорѓиевски: Договорите на општините Аеродром и Кисела Вода се истечени во март годинава

Откако доцна синоќа градоначалниците на скопските општини Аеродром и Кисела Вода по неколкучасовно чекање пред портите на ЈП „Дрисла“, кое резултира со неуспех да се депонира собраното ѓубре во депонијата, го оставија сметот пред портите, со тврдење дека како општини имаат уредни договори за да влезат во депонијата. Денеска од јавното претпријатие преку соопштение ги демантираат изјавите на двајцата градоначалници.

Advertisements

Од ЈП „Дрисла“ велат дека договорите на двете скопски општини се истечени уште во март годинава, па затоа, како што велат, се отвора прашањето каде овие општини го фрлале сметот во изминатите месеци ако веќе четири месеци немаат договор, иако единственото предвидено место за одложување отпад во Град Скопје е токму депонијата „Дрисла“, а воедно прашуваат и дали како резултат на немањето договори овие општини создале нови диви депонии?

„Ги замолуваме градоначалниците од општина Кисела Вода и општина Аеродром да бидат поодговорни кога даваат изјави и да престанат безочно да лажат, особено поради тоа што веќе e креиран сомнеж за извршување кривично дело од нивна страна против животната средина. Колку од дивите депонии кои ги исчисти градот Скопје повторно се претворени во хаос со отпад“, велат од ЈП „Дрисла“.

Инаку, по комуналниот „крах“ на Скопје поради штрајк на вработени во јавното претпријатие, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ вчеравечер се самоорганизираа и почнаа со чистење на општините со кои раководат. Меѓу нив и градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски и градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, кои со камионите со смет од нивните општини се упатија кон депонијата „Дрисла“ и оттаму преку пренос во живо доцна синоќа обвинија дека не им се дозволува да го депонираат ѓубрето.

Градоначалникот Муцунски тврди дека безброј пати го побарал директорот на „Дрисла“, но тој не одговорил на неговите повици.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button