МАКЕДОНИЈА

ЈП „Комунална хигиена“ ќе расчистува четири диви депонии во општина Бутел

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје денеска започна активности за расчистување на четири диви депонии во скопската општина Бутел. Како што информираат од претпријатието, депониите кои ќе се расчистуваат се составени од мешан комунален, кабаст и градежен отпад, и се лоцирани на улицата „Бетовенова“, како и улиците „Александар Урдаревски“ и „Лазо Трпевски“, во непосредна близина на гробиштата.

Advertisements

-Во координација со општината Бутел, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје денеска започнаа со отстранување на четири диви депонии лоцирани во оваа скопска општина. Очекуваме до крајот на акцијата да бидат подигнати приближно 300 кубни метри несовесно одложен отпад од јавните површини. И во оваа прилика апелирамe до граѓаните својот отпад да го одлагаат исклучиво во поставените садови, затоа што само со правилно и совесно одлагање на отпадот можеме да ја заштитиме животната околина и јавното здравје, вели директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Абдусамед Шабани.

Од ЈП „Комунална хигиена“ соопштуваат дека во текот на првите шест месеци од годинава, ЈП „Комунална хигиена“ биле отстранети 7.000 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на градот Скопје.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button